scoliosis

Што е сколиоза?


Нормално, рбетот има три кривини,една на вратот,една во горниот дел на грбот и една во долниот дел од грбот.Овие кривини може да се видат ако детето се посматра странично,но ако се гледа од назад рбетот изгледа правСколиоза е странично искривување на рбетот. Наместо да биде прав, тој добива облик на буквата ”
S

Што ја предизвикува?

Во најголемиот број на случаи, не знаеме што ја предизвикува.Тоа е т.н. идиопатска сколиоза.

Кај некои деца постојат други проблеми, како повреди кои доведуваат до мускулен спазам, повреди на рбетот, нееднаква должина на нозете или проблеми со мускулната контрола ( на пр. церебрална парализа), кои доведуваат до странично искривување на рбетот. Ако овие проблеми можат да се излекуваат ќе се излекува и сколиозата

Кој може да ја добие?

Може да ја добие секој,во било која возраст.Почесто се јавува кај девојчиња отколку кај машки.Апроксимативно 1:10-20 девојчиња развиваат сколиоза во периодот на интезивен раст,во раната адолесценција ( од 9-14 години).Во најголем број на случаите сколиозата е блага и нема потреба од третман.Кај машки ,сколиозата е поретка.Кај нив најчесто се јавува на возраст помеѓу 12-14.Може да се јавува фамилијарно.Ако родителот,братот или сестрата имаат сколиоза треба да се прегледа детето. 

Кои се знаците и симптомите?

Обично нема болки.

Едното рамо е повисоко од другото.

Нееднаков ( ирегуларен) струк .

Едниот колк е повисок од другиот.

Наведнатост кон едната страна.

Ребрата се испакнати на едната страна од градниот кош.

На рентгенска снимка има вочливо искривување на р’бетниот столб

Како се третира?

Повеќето деца немаат потреба од третман.Единствено треба да одат на контролни прегледи, за далекарот види дали се влошува искривувањето.

Ако се влошува, докторот може да предложи детето да носи корсет. Корсетот оди под рацете и го опфаќа градниот кош, долниот дел на кичмата и колковите.

Ако и понатаму продолжува искривувањето докторот може да советува хируршка интервенција со која ќе се исправи кичмата. Обично хируршката интервенција е успешна.

Дали може да се превенира?

Секоја навремено диагностицирана сколиоза успешно се превенира,

акцентот го ставаме кај деца од 7 год. возраст,кај кој то станува збот за идиопатска аномалија т.е сколиоза која што истата е дијагностицирана многу подоцна при редовниот систематски преглед во 1-во одд.,Покрај нашите напори за поуспешно пребарување,соодветно преку закон утврдените активности,систематски преглед,откривања на заболени деца, има огромна потреба и од другии годатни интервенции

Објавување на сериозноста на овој проблем преку медицински медиумски списанија
Предавања на лекарите од останатите профили
Медиумски предавања за општата популација

со цел да ги подтикнеме и родителите за активно и внимателно набљудување на нивните деца,за истите да можат навремено и превентивно да ги згрижат сопствените деца,преку соодветен преглед кај ортопед
Но и покрај тоа,за жал,секојдневно откриваме случаеви на сколиози со веке голем степен на искривување и тоа таков кога веке било кој конзервативен третман е излишен,ваквите случаеви нажалост мора да бидат изложени на оперативен третман.

Каде да се обратите за помош?

Специјалист по Ортопедија

*Текстот има информативен карактер и не е заменана за професионален медицински преглед, дијагноза или третман.

Leave a Comment