Genu valgum е валгусна деформација на коленото. Moже да се сретне како еднострано и двострано. Кога аголот помеѓу оската на колкот и оската на подколеницата е отворен према надвор и е поголем од 8 степени имаме патолошка девијација. Деформацијата може да биде вродена или стекната. Вродена е во присуство на хипоплазија на латералнит феморален кондил, при
нарушување на растот на епифизарната фуга, вродена исшачување на коленското капаче, латеропозиција на екстензорниот апарат.Како резултат на деформацијата постепено доаѓа до истегнување и разлабавување на капсуларно лигаментарниот апарат од медијалната страна. Одот на едностраните деформации е накривнување, а при билатералните е клатење. Оптоварувањето постепено го зголемува валгусот. Како резултат на тоа, т.е при погрешно оптоварување порано доаѓа до формирање на дегенеративни промени на зглобовите на коленото – гонартрози.

Третман:
Кај новороденчиња може да се очекува добар тераписки ефект од редресирачки манипулации со помош на гипсова имобилизација, носење на апаратчета за одење и спиење подолго време. При неуспех на конзервативното лекување,кај повозрасните деца се пристапува кон корективни операции (варизирачки остеотомии, епифизиодези, остеоклазии).

Genu varum et crus varum
Варусната деформација на колената и подколениците е токму обратна на валгусната. Етиопатогенезата на болеста е иста како кај валгусната деформација. Деформацијата обично е билатерална. Екстремитетите имаат О-бразна форма и оттука доаѓа и називот.

Во детска возраст недостасува болка. Карактеристичен е само клатест од. Кај возрасни во сите случаи се развиваат дегенеративни промени во ‘рскавицата на колениот зглоб и болните се жалат на болки од Медиална страна.

Третман:
Иако варусна деформација може да се набљудува физиолошки до третата година по раѓањето,затоа што во одреден број на случаи децата се самоизлекуват.Деформацијата треба активно да се следи 2-3 години. Доколку не дојде до спонтано самоизлекуване, потребно е да се примени терапија со ортопедски помагала, што дава добри резултати.Доколку после 6-7 годишна-та возраст не дојде до спонтано повлекување на деформацијата,може да се има во предвид оперативно лекување – приспособена остеотомија.

Genu recurvatum et tibia recurvata
Кај оваа деформација оската на колкот и подколеницата е со агол, отворен према напред. Причините за оваа деформација се вродени и стекнати. Вродената, се формира уште во текот на ембрионалниот развој на коленото. Во излагање се голем број дисплазични состојби на коленото,како на пр.контрактура на m. quadriceps, вродена сублуксација или луксација на колената при што доаѓа до стварање на лабави врски во колената зглобна структура,високопоставено коленско капаче(patela),синдром на Ahlers-Dahnols и др.

Третман:
Во почетните форми се одржува рачна редресација и гипсена имобилизација. При неуспех на конзервативното лекување се презема операција – остеотомија за подигање на платото на тибијата или остеотомија на тибијата.

 


*Текстот има информативен карактер и не е заменана за професионален медицински преглед, дијагноза или третман.

Leave a Comment