Ортопедски услуги – преглед, дијагноза и третман во ПЗУ Д-р Киров Штип
  • Во ПЗУ „Др Киров“ се обезбедува современа ортопедска дијагностика, третман и следење на состојбите на мускулоскелетниот систем кај пациенти од сите возрасни групи. Со примена на стручен, индивидуализиран и хуман пристап, установата нуди комплетна здравствена грижа – од првичен преглед и дијагностика, до терапија, интервенции и континуирано следење на напредокот.

    Достапни услуги:

      • Физикален преглед на цело тело кај возрасни

      • Физикален преглед на цело тело кај деца

      • Физикален преглед на цело тело кај бебиња

      • Ултразвучна дијагностика

      • Ултразвучно пратење на состојбата и развојот на колковите кај бебиња

      • Ултразвучна скрининг дијагностика и третман на остеопороза

      • Интраартикуларна апликација на медикаменти

      • Блокади

      • Репозиции на фрактури

      • Апликација на гипс и гипсени лонгети

      • Мини хируршки интервенции

      • Ординирање на ортопедски помагала

      • Издавање на лекарски уверенија