Во ПЗУ „Др Киров“ се обезбедува современа ортопедска дијагностика, третман и следење на состојбите на мускулоскелетниот систем кај пациенти од сите возрасни групи. Со примена на стручен, индивидуализиран и хуман пристап, установата нуди комплетна здравствена грижа – од првичен преглед и дијагностика, до терапија, интервенции и континуирано следење на напредокот.
Достапни услуги:
Физикален преглед на цело тело кај возрасни
Физикален преглед на цело тело кај деца
Физикален преглед на цело тело кај бебиња
Ултразвучна дијагностика
Ултразвучно пратење на состојбата и развојот на колковите кај бебиња
Ултразвучна скрининг дијагностика и третман на остеопороза
Интраартикуларна апликација на медикаменти
Блокади
Репозиции на фрактури
Апликација на гипс и гипсени лонгети
Мини хируршки интервенции
Ординирање на ортопедски помагала
Издавање на лекарски уверенија
Состојби кои ги третираме
Прочитајте повеќе за најчестите ортопедски состојби: остеоартритис, сколиоза, кифоза, лордоза, остеопороза, превентива од остеопороза, вродени деформации кај новороденчиња, вродени деформации на коленото, вродени деформации на колкот, испакнат граден кош и вдлабнат граден кош.
За закажување преглед или дополнителни информации, слободно контактирајте нè.
