Pectus exavatum

Овој деформитет може да остави сериозни последици во психичкиот развој на децата со манифестирање на комплекси и срам од своето тело,срам да се оди на физичко или на плажа, и секако инфериорност пред спротивниот пол. Покрај ова може да се јават и органски пореметувања, пред се во работата на срцето (појава на аритмии и шумови) и белите дробови (намалување на белодробните капацитети). Овие органски пореметувања,понекогаш клиничките манифестации може да ги пројават во понапредната возраст.

Постои метод за лекување на оваа деформација,за кој се потребни специјални шипки и инструментариум за нивно инсталирање и зацврстување. За време на операцијата шипката се моделира и закривува со специјална апаратура индивидуално според деформитетот и градбата на секој пациент. При оваа операција се прават два мали засекувања на кожата од двете страни на градниот кош низ кои се пласира шипката и еден додатен сосема мал отвор за пласирање на торакоскоп преку кој се контролира патот и позицијата на шипката. По нејзиното пласирање шипката се извртува за 180 степени и се фиксира со странични стабилизатори. Опоравувањето е брзо, пациентите престојуваат во болница 4-5 дена, на училиште се враќаат по 2-3 недели, а спортување е можно после 3 месеци.Компликациите се многу ретки, а естетските и функционалните резултати се одлични.

 

*Текстот има информативен карактер и не е заменана за професионален медицински преглед, дијагноза или третман.

Leave a Comment