Лордозата е состојба при која постои нагласена внатрешна кривина во лумбалниот дел на ‘рбетниот столб. Може да биде физиолошка, но и патолошка кога предизвикува болка во долниот дел на грбот, замор при стоење и нарушено држење на телото.
Раната проценка од ортопед овозможува навремено започнување на соодветен третман, кој може да вклучува корективни вежби, физикална терапија, следење на растот кај деца и индивидуален пристап според причината за деформацијата. Во ординацијата на д-р Киров се применува современа дијагностика и третман на деформитетите на ‘рбетот.

